На 12.04.2024 година, караванот на кандидатот за претседател на Максим Димитриевски ги посети Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман. Сликите и видеата од средбите со граѓани, покажуваат дека Максим Димитриевски ја користи кампањата не само да го охрабри членството, туку да придобие нови гласачи и симпатизери. Впрочем, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е нова партија која сеуште формира нови општински организации и која според Димитриевски е најбрзо растечка политичка сила.
Тоа што беше впечатливо при посетите на Кавадарци, Неготино и Демир Капија е позитивната младешка енергија која ја носи Миле Цеков, носител на листата на кандидати за пратеници за ИЕ и претседател на ОО на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во Струмица.
Интересно е да се напомене дека при собирањето потписи за кандидатурата на Максим Димитриевски во Струмица биле собрани околу 940 потписи, додека за Стево Пендаровски имало околу 200 потписи повеќе. Несомнено, овој резултат но и говорите во Кавадарци и Неготино покажуваат дека Миле Цеков има потенцијал да прерасне во препознатливо лице на политиката во Македонија.
Во своите говори во Демир Капија, Кавадарци и Неготино Максим Димитриевски ги повика граѓаните да не молчат посочувајќи „молкот денес е срам, затоа народот треба да се одважи и да престане молкот“, а посочи и дека тој ќе се залага пензионерите да добијат 13та пензија во годината.
Миле Цеков во своите говори зборуваше дека е бесмислено да се верува на политичари и партии кои 30 години ветуваат, а не исполнуваат. Исто така тој во своите говори се фокусира на потребата да се помогне на домашните фирми, земјоделците и на младите. Цеков емотивно истакна дека наместо млади во центарот на Кавадарци, за жал гледа само обложувалници и казина.