Пукната цевка од парно ја поплави Клиниката за токсикологија

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката. Поплавени биле скоро сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната, сѐ до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

Од Министерството за здравство потврдиле дека ноќеска имало пукнала цевка од парно, но дека проблемот бил веднаш саниран. Нема штета на медицинската опрема и нема штета во простории во кои се згрижуваат пациенти, но водени се таваните и ѕидовите.

Инаку, од пред неколку дена почнаа превирањата на Клиниката откако вработените изнесоа серија обвинувања за организациската директорка Бесија Иљази, за која тврдат дека донела дезорганизација на Клиниката, а се жалат на отпор и несоработка од страна на Иљази.

За новоназначената економска директорка веќе беше објавено дека не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира