ВИДЕО – Јанчев од Прилеп: Планско земјоделие и државна интервенција за поголем профит на земјоделците, државни фирми во секоја стратешка гранка


Уште кога ја основавме Левица ја основавме таа да биде власт. Знаевме дека патот ќе биоде долг и свесни бевме дека истиот ќе биде тежок на угорнина, со трње, а ние сме боси и на тоа сме подготвени. И ја формиравме Левица за промена, а не за замена, истакна вечерва во Прилеп, Сашко Јанчев, носител на Левица за ИЕ4.


„И затоа нудиме листа на реални, но радикални мерки кои опфаќаат области од работнички права до меѓународни односи. Реално ако не направиме радикален зафат во сите сфери од нашиот заеднички живот промена не е возможна. Штрафчињата во системот не планираме да ги менуваме, планираме да направиме системска промена.

Главни заложби на мене како носител во ИЕ 4 се однесуваат на стопанството и на земјоделието, затоа што имаме неколку котлини, огоромни Гевгелиско-Валандовска, Струмичко-Радовишка и Пелагонија. Во земјоделието планираме планско производство. Тоа мора да се работи како цела идустрија, да се работи на база на експертска анализа за да немаме дефицит или суфицит на пазарот.

Планираме стоковите резерви да се пополнуваат со строго домашно производство, со претходно склучени договори за земјоделците да имаат некоја сигурност во производството, планираме да воведеме фиксни откупни цени за да имаат сигурност, државни откупни центри за да не можат прекупците да си ја местат цената како што нив им одговара.

Ладилници во кои ќе се складира храната, од кои ќе се снабдуваат армија, градинки училишта, болници. Генерално мерките  се насочени кон државна интеревенција во земјоделието за да не биде тоа стихијно, затоа што еве видовме до каде тоа стигна Прекупците прават екстра профит на грбот на земјоделците. Тоа ги дестимулира и ние имаме од година во година се помал број.

А во стопанството предвидуваме социјализам со македонски карактеристики, рестартирање на државни профитабилни фирми во секоја стратешка гранка од стопанството и така мислиме дека ќе се стави некој ред. Тоа го имало во бивша Југославија, така се направи таа држава, не измислуваме топла вода, тоа е веќе виден пример и на тоа целиме“, рече Јанчев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи