ВИДЕО- Ристески: Во првите 100 дена ќе иницираме вработување на 500 здравствени работници со нерешен статус


После двојната победа на претстојните парламентарни и претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат. Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања за здравствениот кадар со нерешен статус. Ќе направиме план за постепено и правично вработување на сите вработени во здравствените установи кои со години работат без решен работен однос, истакна на прес конференција Петар Ристески, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитувани,

После двојната победа на претстојните парламентарни и претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат.

Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања за здравствениот кадар со нерешен статус. Ќе направиме план за постепено и правично вработување на сите вработени во здравствените установи кои со години работат без решен работен однос.

Ќе иницираме вработување на 500 здравствени работници, кои се дефицитарен кадар. Постепено ќе се пополнат критичните рабтни места во медицинските установи секаде каде има недостаток на потребниот кадар.

Преку програма за спојување на клиниките во Скопје, ќе обезбедиме еден итегриран Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“. На тој начин ќе се обезбедат интегрирани и подобри услуги за граѓаните, ефикасност во работењето и намалувањее на трошоците за набавките во рамки на Клиничкиот центар.

Ќе ја намалиме цената и ќе ги ограничиме маржите на лековите и медицинската опрема. Ќе ја ревидираме и континуирано ќе ја ажурираме позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните реално ги користат.

Нудиме програма за регионализација во здравството преку која ќе обезбедиме можности за здравствните услуги да бидат достапни до најблиското место на живеење на граѓаните.

Предвидуваме политики за овозможување на докторите во дефицитарните области да одлучат дали ќе продолжат да работат во јавните здравствени установи, зачувувајќи го правото на пензија.

Посебен фокус ќе ставиме на младите специјализанти кои се иднината на нашиот здравствен систем, растот на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал, техничкиот и административниот персонал, транспарентност и намалување на листите на чекање како и многу други проекти во интерес на сите наши сограѓани.

Затоа ни е потребна вашата поддршка. На 8-ми мај да излеземе и масовно да гласaме за број 2 за листата на кандидати за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател. Да славиме голема победа за Македонија, Македонија да ја направиме повторно да биде горда!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Среда, 1 мај 2024

„Ќе иницираме вработување на 500 здравствени работници, кои се дефицитарен кадар. Постепено ќе се пополнат критичните рабтни места во медицинските установи секаде каде има недостаток на потребниот кадар. Преку програма за спојување на клиниките во Скопје, ќе обезбедиме еден итегриран Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“. На тој начин ќе се обезбедат интегрирани и подобри услуги за граѓаните, ефикасност во работењето и намалувањее на трошоците за набавките во рамки на Клиничкиот центар.

Ќе ја намалиме цената и ќе ги ограничиме маржите на лековите и медицинската опрема. Ќе ја ревидираме и континуирано ќе ја ажурираме позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните реално ги користат.

Нудиме програма за регионализација во здравството преку која ќе обезбедиме можности за здравствните услуги да бидат достапни до најблиското место на живеење на граѓаните. Предвидуваме политики за овозможување на докторите во дефицитарните области да одлучат дали ќе продолжат да работат во јавните здравствени установи, зачувувајќи го правото на пензија.

Посебен фокус ќе ставиме на младите специјализанти кои се иднината на нашиот здравствен систем, растот на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал, техничкиот и административниот персонал, транспарентност и намалување на листите на чекање како и многу други проекти во интерес на сите наши сограѓани.

Затоа ни е потребна вашата поддршка. На 8-ми мај да излеземе и масовно да гласaме за број 2 за листата на кандидати за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател. Да славиме голема победа за Македонија, Македонија да ја направиме повторно да биде горда“, додаде Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи