ВИДЕО – Инсталирани 100 фотоволтаични панели и 30 термални колектори со термална пумпа на Домот за стари лица во Прилеп


Домот за стари лица, „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп инсталираше 100 фотоволтаични панели и 30 термални колектори, надополнети со термална пумпа. Со овој проект заштедите на Домот за електрична енергија ќе изнесуваат околу 40% годишно. Инаку домот за стари лица е втор по големина потрошувач во Прилеп кога станува збор за јавните претпријатија или установи.

Фотоволтаичната централа генерира низа придобивки за Домот помеѓу кои намалување на трошоците за греење и ладење, намалување на трошоците за работа преку намалување на употребата за екстра лесно гориво и подобрување на личбната хигиена на штитениците. Меѓутоа има бенефит и за животната средина во ваквото постепено преминување кон незагадувачки систем за греење и ладење преку користење на обновливи извори на енергија“, изјави Благојче Стојаноски, диретор на Дом за стари лица, „Киро Крстески-Платник“ Прилеп.

 

„Како локална самоуправа, чии приоритети се: намалување на трошоците, заштеда на енергија, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и користење обновливи извори за енергија приоритет им дадовме на ваквите установи. Инаку оваа установа е втор по големина потрошувач на енергија во нашиот град, после пречистителната станица и која што работи 365 дена во годината, по 24 часа дневно“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Проектот се реализираше преку Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а инвестицијата чини над 6.700.000 денари.

Исто така во моментов се работи на изведба на таложник за пречистителната станица со кој што ќе се заштити животната средина со отпадните води како и трошоците за одржуавње на станицата. Се надеваме дека до крајот на летото или почетокот на есента и тој проект ќе биде реализиран“, додаде Јосиф Балтов, директор на Пелагонискиот плански регион.

Новите пратеници од Прилеп истакнаа дена ќе побараат и промена на сегашниот закон со кој што јавните претпријатија формирани од страна на Општината ќе смеат да произведуваат електрична енергија за своите потреби.

„Од причини што потекнувам од позицијата претседател на Совет сигурно дека ќе побараме како пратеници од Прилеп измена на овој закон во смисла да се симне рамката и истата да се прошири и на јавните претпријатија кои што се под надлежност на локалната самоуправа за да може и тие за сопствени потреби да користат обновливи извори на енергија“, потенцираше Дејан Проданоски, пратеник и претседател на Совет на Општина Прилеп.

Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ згрижува 150 штитеници од цела Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи