Уште еден успешно реализиран Марш на Селечка Планина во чест на Томе Темелкоски


Изминатиов викенд со стотина планинари помина уште една планинарска дружба по убавините на Селечка Планина во успешен Марш во чест на Томе Темелкоски кој го изгради планинарскиот дом на оваа планина кој сега го носи неговото име.

Организаторите на Маршот искажаа голема благодарност до сите учесници како и до екипата на Домот што ги прелека со преубавиот планинарски чај, Душко Димкоски, Александар Христоски и Орде Јованоски.

Благодарност беше искажана и до екипата која беше поддршка на маршот и кои помогнаа на било каков начин да се ова заврши успешно. Благодарност до Витаминка за несебичната поддршка со дел од нивните производи, а голем поздрав и до Виолета Проскоска, која заедно со Томе го градеа Планинарскиот дом Томе Темелкоски, додаваат од организацијата на Маршот.

„Иако е и прв марш во нашиот град и правевме иницијатива да и сите останати планинарски друштва од градот Прилеп за заедно се подржуваме во се она што се прави во градот и да поддржуваат сепак тоа не се случи. Се гледа дека останатите друштва од нашиот град го гледаат само нивниот интерес. Се гледаме и наредна година на 4-то издание на маршот посветен на Томе Темелкоски, со нови новитети и убави дружби. Исто така сакаме да истакниме дека за брз период домот Томе Темелкоски ќе добија и струја,  а исто така и споменикот Устрелец и карпата Момата ќе бидат осветлени со соларни рефлектори“, вели Владимир Јованоски, дел од организацијата на Маршот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи