Техничката влада со ново задолжување од 35 милиони евра

Со две нови државни обврзници кои од денес котираат на официјалниот пазар, техничката Влада ја задолжува државата за дополнителни 2.141.720.000 денари или 34,79 милиони евра. Двете обврзници, издадени на десетти месецов, се без девизна клаузула, а рокот на доспевање е за две, односно за 15 години, објави „Пари“.

„Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 17.05.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“, стои во објавата на Македонска берза.

Емисијата на првата, двегодишна државна обврзница е со вредност од 1.104.420.000 денари, што е противвредност на 17,94 милиони евра. Номиналната вредност е 10.000 денари, а издадени се 110.442 хартии од вредност од овој вид. Носат каматна стапка од 3,85 проценти. Датумот на достасување е 10 мај 2026 година.

Другата е петнаесетгодишна обврзница и достасува на 10 мај 2039 година. Издадени се 103.730, со номинална вредност од десет илјади денари. Вредноста на емисијата е 1.037.300.000 денари, односно 16,85 милиони евра. За нив е предвидена каматна стапка од 5,60 проценти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи