Трета година по ред во Прилеп се одржа еколошката акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која што се случува во сите општини во Република Македонија, а на која се приклучија и Општина Прилеп, заедно со ЈКП „Комуналец – Прилеп“.
Се извши темелно чистење во комплексот „Езеро“, во парк шумата околу комплексот, околните ливади, како и околу стариот мотел Езеро. Отпадот беше собран и селектиран според неговиот вид во различни кеси за отпад.
„Им благодариме на здружението „Man and Mountain“ за можноста и на сите кои што се вклучија и ја помогнаа оваа акција а со тоа ја одржуваме и ја правиме нашата околина почиста и поубава!“, велат од Општина Прилеп.
За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство ќе обебеди по едно дрво за пошумување на нови шуми.
Воедно, „Комуналец“ ја тампонираше и пристапната патека до рекреативниот комплекс.