„Чернодрински се враќа дома“ во изведба на средношколската група при МТЦ ЗОНА

Младинскиот театарски центар „Зона“ е оформен во август 2023 и после неколку месечна театарска едукација и подготовка спремни се за нивната прва премиера.

Станува збор за претставата „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Горан Стефаноски, а во изведба на средношколската група при Зона: Анреј Димитриовски, Вања Младеновски, Филип Стојаноски, Стефан Петрески, Горјан Ристески, Ангела Чупетреска, Марија Јованоска, Искра Спиркоска, Матеја Илијеска, Марија Јовеска, Сара Атанасоска, Илина Радеска, Евгенија Димитриовска, Дора Иваноска.

Во улога на  режисери, а воедно и ментори – едукатори во Зона се појавуваат: Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Мартин Наумоски и Кирил Петрески.

Премиерата ќе биде на 22.5.2024, среда, во 20.00 часот во просториите на НУЦК “Марко Цепенков“ во Прилеп, а првата реприза на 23.5.2024, четврток, исто од 20.00 часот.

Со оваа претстава предвидено е и гостување на ДАФ Кочани, а настапот таму е закажан за 25.5.2024, сабота, во 21.00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи