Мицкоски го соопшти составот на членовите на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“



Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  ги објави вечерва  кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, кои беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Како што соопшти Мицкоски, за министри ќе бидат предложени следните кандидати:

  1. За заменик-претседател и министер за транспорт ќе биде  предложен Александар Николовски

  2. За министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајлоски

  3. Гордана Димитриеска Кочовска, ќе биде министер за финансии

  4. Министер за надворешни работи ќе биде Тимчо Муцунски

  5. Министер за локална самоуправа Златко Пирински

  6. Министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски

  7. Министер за спорт Борко Ристовски

  8. Министер  за енергетика и минерални суровини Сања Божиновска

  9. Министер за земјоделие Цветан Трипуновски

  10. Mинистер за култура и туризам Зоран Љутков

  11. Министер за внатрешни работи Панче Тошковски

  12. Министер за Образованието и наука Весна Јаневска

  13. Претседателот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски ќе биде предложен за заменик претседател на владата и Политички систем

  14. Заменик претседателот на владата ќе биде и Иван Стоиљковиќ од Српската партија за односи меѓу заедниците

  15. Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција на Декадата на Ромите

 

Мицкоски претходно најави дека предлог составот и програмата на владата ќе ги достави до Собранието во вторник, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет. Рокот од 20 дена за состав на владата тече од 6 јуни кога Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи