Непознато лице во петокот го украло соларниот рефлектор од планинарскиот дом „Томе Темелкоски“ на Селечка планина.
Прилепските Планинари Авантуристи во соработка со ПСД „Момата“ пред околу една година извршија поголема реконструкција на единствениот планинарски дом во прилепско „Томе Темелкоски“ на Селечка планина. Покрај другите работи се постави и еден соларен рефлектор кој што го осветлуваше Домот, а и исто така им помагаше и на планинарите кои правеа ноќни планинарски тури до ова место, затоа што тука нема електрична енергија.
Планинарските здруженија апелираат лицето веднаш да го врати рефлекторот затоа што имале и сведоци и одредени снимки од безбедносни камери на кои се гледа осомничениот како се движи во овој крај. Во спротивно ќе мора случајот да го пријават во полиција.
143