ВИДЕО – Се зајакнува врската помеѓу малите производители и купувачите – се повеќе се бара квалитетно и домашно производство


Иднината на македонското земјоделство е во малите земјоделски стопанства и во директниот контакт на купувачите со самите производители. Тогаш купувачите точно го знаат квалитетот и потеклото на производот, а предноста е во тоа што истиот може и да се проба. Оваа промоција беше целта третиот по ред пазар во организација на Slow Food кој се организираше во Прилеп.

„Тука секогаш освен што производите се разновидни секогаш се оние производи што не може да се најдат на ниту едно друго место. Ова се производи кои се во мал обем, производителите имаат мали количини, производите се уникатни, зависат од сезоните, од временски услови, од можностите под кои тие го произвеле и тие не може да се најдат во ниту еден маркет“, вели Филип Димкоски од Slow Food Prilep.

 

„Сметаме дека досега од досегашните настани одлично поминуваат ваквите пазари, дека прилепчани ги сакаат и сакаме ова да прерасне во традиција и доколку имаме можност да се одржуваат на месечно ниво“, истакна Тодорка Наумоска, Slow Food Prilep.

И малите земјоделски производители велат дека граѓаните се повеќе барат да купат домашно и квалитетно производство, отколку вакви производи од маркетите.

„Може да се речи дека таа поврзаност се зголемува, луѓето полека полека почнуваат да си го ценат домашното производство иако е трнлив патот помеѓу домашни производители и купувачи, бидејќи економскиот стандард на луѓето си го прави своето. Само преку луѓе продавам, си купуваат лично, им носам по дома и само преку луѓе. Не соработувам со маркети, ниту имам такви можности, ниту такви амбиции“, вели Игор Попоски, производител на млеко и сирење.

 

„Директно со купувачите по адреи носиме во подалечните градови пуштаме по карго. Заинтересираноста е голема и гледам песпектива во ова, ова е наш семеен бизнис“, рече Дејан Ѓорѓиески, производител на млеко и сирење.

 

„На нашата тезга исклучиво може да се најдат сирупи за растворање од шумски билки и плодови, не одгледувани туку од оние кои ни ги дава природата и оцети природни зреени, за намалување на маснотиите, холестеролот и триглицеридите“, вели Македонка Балдазарска производител на природни сирупи.

 

„Употребував глог, која е најдобра билка за срце и кардиоваскуларни болести. Една недела пијам, една недела се паузира. После 3 години одам на контрола и лекарите беа фрапирани. На коронарографија ми рекоа дека срцевиот мускул ми е како на 25 годишно дете“, додаде Зоран Балдазарски, производител на природни сирупи.

 

„Се бараат овие производи се повеќе. 4 генерации го изработуваме занаетот. Јас сум 4 генерација. Го наследив од татко ми, се бараат по ресторани, кафулиња, ресторани и разни кујни“, изјави Марти Митрешкоски, производител на грнчарски производи.

 Колку е поголем бројот на ваквите пазари, толку ќе биде посилна и поголема врската помеѓу купувачите и директните производители, а со тоа има поголем раст и развој нашето земјоделие.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи