Македонија има нова Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција

Со примопредавање на мандатот од техничкиот премиер Талат Џафери новиот претседател на Владата Христијан Мицкоски официјално го стартуваше својот премиерски мандат.

Собранието по дводневна расправа со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од Коалицијата Вреди и ЗНАМ.

Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскиот фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

На крајот од дводневната дискусија, Мицкоски вети дека неговата Влада „ќе ги подигне стандардите веќе во првите 100 дена, дека ќе работи напорно и ќе се погрижи земјата да се промени, да оди напред, дека ќе ги почитува граѓаните и ќе биде одговорна Влада.

Денес новоизбраниот претседател на Владата ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.

Мицкоски е 13-тиот премиер, кој ќе ја предводи 20. влада од осамостојувањето на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи