Од 1-ви јули граѓаните ќе плаќаат поскапа цена на струјата

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција најави поскапување на струјата за потрошувачите во вториот, третиот и четвртиот блок. За граѓаните коишто се во првиот блок, со минимална потрошувачка, нема да има корекции во цената.

Согласно одлуката, цената во првиот блок останува иста, во вториот блок има поскапување од 0.85%, третиот блок поскапува за 1.92% и четвртиот блок 1.88%. Цената на евтината тарифа се зголемува за 0.65%.

На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови за покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните пазарни цени.

Деновиве во парламентот беа усовоени дополнувањата на Законот за енергетика, со кои треба да се обезбеди сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми