РЦУК – Битола известува од ТППЕ Прилеп дека пожарот на ниска вегетација зад нас.Варош(м.в. Заград) кај Прилеп, кој започнал од пожар на патничко моторно возило во 10:08 часот, е изгаснат во долниот дел. Активен е крак од пожарот кој што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“(манастирот Траскавец) истиот ќе се гаси во текот на денешниот ден во утринските часови.
Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со 5 ПП возила од ТППЕ Прилеп и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои во 23:00 часот беа повлечени од терен. Во моментов на терен се ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 5 пожарникари.
Во 04:39 часот од градоначалникот на општина Прилеп било упатено барање до ЦУК за воздушна поддршка, односно барањето е препратено до МВР. Но, по јавувањето на градоначалникот на Прилеп во 08:00 часот дека пожарот во манастирот Траскавец 95% е под контрола, односно кракот кон манастирот Траскавец е изгасен во 05:00 часот, додека еден крак е на непристапен терен и гори сува трева и трска и дека и тој ќе биде изгасен, барањето за воздушка поддршка е стопирано, односно во моментов нема потреба за ангажирањe на воздухоплови.