Одржан состанок на општинскиот Кризен штаб за состојбата со пожарите во општина Прилеп

Денеска градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, одржа состанок со општинскиот Кризен штаб за состојбата со пожарите во општина Прилеп.

На средбата беа потенцирани насоките и координациите за брзо, ефикасно и навремено спречување на пожарите на отворено и во урбаните  средини, како и за важноста од синхронизирање и координирање на сите релевантни институции за спречување, превенција и заштита од пожари на територијата на општина Прилеп.

Беше констатирано дека под итно е потребно ажурирање на списокот  на обучени лица  кои во итни случаи би помогнале при гаснење на пожари на отворено и спречување на палењето на стрништа, преку легитимирање на лица кои се движат во поле или шума и в заемна соработка со околните општини за заедничко делување и дека надлежните институции се подготвени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи