Викендов во Прилеп и Долнени ќе се одржи 50-тото јубилејно издание на Фестивалот за народни песни и инстгрументи „Пеце Атанасовски“ кој ќе се отвори спектакуларно со 50 гајдаџии од цела Македонија и дефиле во центарот на Прилеп со околу 300 учесници. Фестивалот започна денеска си семинарот за изучување на традиционални песни и инстгрументи на млади учесници.
„Гајдата ми е интересна бидејќи на него како дувачки инструмент во исто време може и да се свири и да се пее“, рече Ѓорѓи Бакаров, учесник на семинарот.
„Чест ни е на сите што учествуваат на овој семинар, за проучувањето на народното пеење, на народните инструменти и јас има голема љубов кон тоа и затоа дојдов да го научам народното пеење“, кажа Исидора Мирческа, учесник на семинарот.
Ќе има и промоција на Зборник на трудови „Фолклорот во минатото и денес“ од 10-тина врвни еминентни научници. Како и промоцина на монографијата „Непресушен извор за навек“. Фестивалот за ове 50 години постоење ја исполни во целост својата мисија.
„Имаме спектакуларно отворање на Фестивалот со 50-тина гајдаџии од цела Македонија кои што ќе го отворат Фестивалот во Прилеп со познатото авизо „Отидов в село Долнени“, кажа Горан Василески, претседател на Собранието на Фестивалот „Пеце Атанасовски“.
„Се негува изворниот фолклор на Македонците, па и на етничките заедници кои живеат во Македонија, сето тоа се пренесува автентично со генерации кое се негувало со генерации низ вековите до денес“, истакна Родна Величкоска, уметнички директор на Фестивалот.
Ретко која манифестација може да се пофали со толку години постоење и затоа е потребна поголема поддршка од институциите, сособено што Фоклорот денес го негуваат се повеќе млади.
„Ова е единствениот Фестивал од ваков вид во Македонија и во иднина навистина заслужува повеќе внимание и поддршка како од локалните власти, така и од централните институции“, додаде доцент Д-р Стојанче Костов, етнокореолог.
„Мислам дека можеби треба за некој процент да е поголем интересот кај младите, но нели уметник се раѓа не се создава. Така што мислам дека тоа се бранови, има години кога повеќе млади го негуваат фолклорот. Некои сами започнуваат да учат на народни инструменти, некои основните и средните училишта, некои пак на Факултетите“, изјави проф. Д-р Горанчо Ангелов, музичка академија Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Фестивалот се затвора во сабота на Рудина во Долнени.