Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со ЈП ЗА ПУП, ја збогатија детската забава во градот со пуштањето на детското туристичко вовче, кое со ѕвонење го најавува своето тргнување од Бул. „Гоце Делчев“ од 17часот до 22 часот, секој работен ден, информираат од Општина Прилеп.
„Тргнувањето е од пред „Реклами“, каде се чека ред и се бара место повеќе, за да се доживее една необична авантура и тура низ градот, со многу насмеани деца! Среќните лица на дечиња, родители, баби и дедовци и многу насмевки, радосен восклик и детска возбуда, само даваат мотив повеќе за збогатување на забавните детски содржини во градот. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Локалната самоуправа и во иднина ќе работат на подобрување на културно-забавниот живот во Прилеп за сите генерации, а особено на проекти за радосни, среќни и насмеани деца“, информираат од Општина Прилеп.