Трет бран апанажи – екс функционерите ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра

Во јавноста излезе информација дека Собраниската комисија за избори и именувања ги има уважено барањата на министрите од претходната влада: Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами за апанажа. Тие во наредните 12 месеци ќе добиваат државна плата во висина од 1.500 до 2.000 евра, зависно од тоа на која функција биле.

„Ова е трет пат како Собранието оди спротивно на барањата и потребите на граѓаните и одобрува апанажа за функцинерите на претходната власт. Досега ваква привилегија беше одобрена за 40 екс функцинери, од кои 36 се поранешни пратеници, со што овие системски паразити ќе ги чинат граѓаните околу еден милион евра народни пари.

Апанажата, како механизам достапен единствено на една општествена група, претставува пар екселанс пример за класна дискриминација во нашето општество, односно системот функционира единствено за одржување на општественото статус-кво и за да ги задоволи потребите на економските и политичките елити кои често се испреплетени.

Ја потсетуваме јавноста дека единствено Левица, согласно своите програмски и идеолошки определби, преку својот член во Комисијата, пратеникот Борислав Крмов, застана во одбрана на обесправените граѓани на Македонија и гласаше ПРОТИВ ваквите срамни барања на ексфункционерите, кои продолжуваат да го цицаат буџетот на секој можен начин, додека обичните граѓани, врз чиј грб се богатат, живеат во сиромаштија“, велат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи