Од полноќ нови повисоки цени на горивата

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) денес донесе одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, која ќе стапи на сила од полноќ 9-ти јули.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па така малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 ден/кг. и ќе биде 48,634 ден/кг.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи