Прилепчанец прво го натепал, а потоа го врзал и ограбил швалерот на сопругата

Вчера во ОВР Прилеп Е.А.(37) од Прилеп пријавил дека со Е.Б., со кого од претходно се познавале, со патничко возило „даеву“, кое тој го управувал, заедно дошле до „Маркови кули“.

Според пријавеното, Е.Б. физички го нападнал со употреба на метален предмет, а потоа го однел кај местото познато како „Германска чешма“, кај с. Дабница каде што повторно физички го нападнал, а потоа го врзал, му одзел пари и заминал.

Според пријавеното, на нападите им претходела расправија во врска со сопругата на Е.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи