ВИДЕО – Самарџиоски: За Шерифовиќ се одлучивме бидејќи досега немала концерт во Прилеп и со своите професионални квалитети е врвен музичар



Марија Шерифовиќ досега не била гостинка во овој град, дури и на ниту еден од овие Пиво фестови, на кои што патем речено повторно сме ние еден од главните спонзори. Второ се работи за артист кој со своите музички способности далеку ги надминува многу други трендовски пејачи и пејачки во моментот, кои само можеби подобро изгледаат и ништо повеќе од тоа. Впрочем за тоа, за нејзиниот квалитет кажува дека таа е единствената личност од цела екс ју сцена која победила на Евровизија и ја донесе Евровизија на овие простори, кога Евровизијата беше респектибилен настан, не како сега, истакна на денешната прес конференција Сашо Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница, одговорајјќи на тоа зошто се одлучиле да ја поканат токму Шерифовиќ за 100 годишниот јубилеј.

„Марија Шерифовиќ досега има направено само еден концерт во Македонија и тоа далечната 2018 година, има план сега да организира втор концерт во ноември оваа година во Скопје и на првата наша покана да биде гостинка таа нѐ одби, сакаше да биде нејзиниот настан премиерен во оваа година. Но кога разбра за каква компанија станува збор, за каков јубилеј станува збор веднаш ја смени својата одлука, ја прифати нашата покана и ќе биде тука да нѐ забавува утре нас, сограѓаните од Прилеп и сите гости кои ќе бидат тука. Само за компарација, на нејзиниот концерт картата ќе биде од 1.500 до 2.000 денари, а нашите сограѓани и гости ќе ја слушаат за бесплатно, така да треба да се направи споредба и кога се критикува да се каже нешто што држи место.

На крајот имам да кажам дека ова е роденден на една компанија, а кога ве канат на роденден имате право да дојдите или не, никој со сила нема да ве донесе тука и еве цело време, 30 години се бориме да се докажиме дали сме патриоти или не. Зарем во Хрватска се помалку патриоти што Пријовиќ им наполни 5 Загребски арени, среде Хрватска, а рекордот беше на Оливер Драгојевиќ 4 арени? Или во Србија се помалку патриоти што сите хрватски ѕвезди полнат арени во Белград, а ние сме изгледа најголеми?

Така да не би сакал повеќе да должам, бев изиритиран од пишувањата, критиките, не за каква е пејачката и дали треба да биде оваа музика или не, тоа се вкусови и за вкусови не се разговара, но да нѐ обвинат за непатриотизам и за неподдржувачи на македонски пејачи не држи место. Конкретно вчера имаше на еден портал натпис со некаква идеја, да се испита мислењето на населението овде, на сограѓаните, дали сакаат Меморија да бидат гости или Шерифовиќ. Па сега да му кажам на добродушниците дека Меморија беше пред 2 години во Прилеп за Пиво Фест, па нека се информираат кој ја плати Меморија во Прилеп и кој го плати целиот проект на Меморија во цела Македонија, сите концерти… Прилепска пиварница“, изјави Самарџиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи