Двајца прилепчани затекнати при извршување на тешка кражба во каменолом

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од  ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменоломот во атар на с.Железнец.

За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со делото.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира