Капаците на дел од шахтите на новата велосипедска патека и пешачка зона на Леце Котески веќе ги нема

Капаците на дел од шахтите на новата велосипедска патека и пешачка зона на неодамна реконструираната улица Леце Котески веќе ги нема. Некои се пропаднати, некои отстранети, но во секој случај дупките претставуваат опасност за граѓаните кои живеат во тој дел од градот, но и за велосипедистите и за пешаците кои се движат по тој тротоар.

Чести се случаевите и кога автомобили, но и тешки товарни возила се паркирани на тротоарот, кои покрај тоа што го оневозможуваат безбедното движење, сигурно допринеле и за оштетувањата на шахтите.

Како и да е, службите треба што поскоро да реагираат и за двата проблеми, пред да се случи немил настан, кога веќе ќе би било предоцна.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи