После 7 исцрпни натпреварувачки денови и секојдневно летање и по над 100 км. нашиот најдобар параглајдерист Мартин Јованоски го освои првото место на Светскиот куп во параглајдерство во дисциплината плетети кој се одржа во Турција. Тоа е еден од 5-те вакви купови кои се планирани за 2024 година на светско ниво.
Во Турција каде беше собрана светската елита од овој спорт, а Јованоски уште еднаш докажа дека останува спортист од светска класа. Тој е единствениот параглајдерист кој победил на светски купови во двете дисциплини, прецизно слетување и прелети.
94