По повод 76 години од основањето на Шаховскиот сојуз на Македонија, чиј прв претседател бил академик Блаже Конески, Заводот и мзуеј Прилеп, КЕЦ „Небрегово“ и Шаховскиот клуб „Прилеп“ организираат турнир во забрзан шах кој што ќе се одржи во недела на 18 август, со почеток во 10 часот во Спомен домот Блаже Конески во селото Небрегово.
На турнирот ќе земат учество 16 шахисти од Македонија кои достојн о ќе го одбележат денот на формирањето на на ШФМ.