ВИДЕО – Во Крушево се одржа 8-от меѓународен „FIS Rollerski Cup Tose Proeski“ – победник Ставре Јада


По 8 пат во Крушево се одржа меѓународниот FIS Rollerski Cup Tose Proeski 2024 во организација на Скијачка федерација на Македонија. Имаше учесници од 5 држави: Србија, Грција, Бугарија, Унгарија и Македонија. Ролер ските се летна замена за нордиските ски и со нив се натпреварува и вежба и во периодите во текот на годината кога нема снег.

Во летниот период ние се натпреваруваме и подготвуваме на ролер ски. Исто како што во фудбалот има две полу сезони така и во нордиското скијање имаме две полу сезони, едната е летна, а другата зимска. Можам да кажам дека условите тука за овој спорт во нашата држава и во Крушево се на едно завидно ниво. Затоа што имаме навистина убави планински предели, каде можеме да искачуваме, а исто така и асфалтот е на добро, завидно ниво“, рече Борче Јованоски, тренер за нордиско скијање.

Од Меѓународсната федерација за скијање истакнаа дека овие натпревари се особено важни за развојот на овој спорт на Балканот и дека уште повеќе треба да се вложува во развојот на овој спорт, особено во подобрување на патеките за тренинг.

„До е трка на нагорнина многу тешко натпреварување, нивото на конкуренцијата е големо, најголем дел од натпреварувачите се обидуваат да се квалификуваат на зимските олимписки игри. Бидејќи ова натпреварување е дел од предолимписката сезона, се добиваат ФИС поени и можност за квалификација на олимписките игри. Така што натпреварувањето е важно за сите учесници“, истакна Чурека Стимолеон, претставник на Меѓународсната федерација за скијање.

Нашиот најдобар нордиец Ставре Јада победи на годинешниот меѓународен FIS Rollerski Cup Tose Proeski 2024, а македонската репрезентативка Ана Цветаноска првиот ден го свои третото, а вториот ден второто место.

„Она што не очекува следно е веќе за една недела имаме нови ролер ски натпревари каде што ќе има исклучително силна конкуренција во Грција каде имаме сознанија дека доаѓаат Италијани, Ерменци, Австријци и други. Остануваат уште неколку ФИС ролер ски натпревари за оваа летна сезона како што се во Бугарија и Романија во септември и повторно во октомври во Грција“, истакна Ставре Јада, македонски репрезентативец.

Полека но сигурно FIS Rollerski Cup Tose Proeski прераснува во уште спортски бренд на Крушево кој привлекува спортистки од целиот Балкан.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи