Пензионерите повикуваат на протест и бараат оставка од претседателката на Здружението на пензионери

Facebook
Twitter
Email
Print

Пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе кои со месеци протестираа и бараа линерано покачување на пензиите, повикаа на масовен протест на 3-ти септември во Скопје, на кое ќе побараат оставка од актуелната претседателка на Здружението на пензионери, Станка Трајковска. Сметаат дека Трајковска ги изневерила нивните интереси, а пензионерите со минимални примања ги оставила без средства за гола егзистенција.

„Со минимална пензија од 13.000 денари како може да се издржи. Тоа е голема срамота за нас, што сме давале за ова општество, што сме се бореле, а да не можеме да преживееме“, изјави пензионер од Штип.

 

„Да ја разрешиме госпоѓата претседател на Здружението на пензионерите, Станка Трајковска, бидејќи таа беше ЗА и се уште Е, за процентуално покачување на пензиите, а ние сме за линеарно покачување“, изјави Трајче Станојков, пензионер од Свети Николе.

До Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција поднеле барање за покренување истрага за финаското работење на Здружението. Исто така се сомневаат дека и во многу други општински здруженија на пензионери не се работи според Закон.

„Огромни средства одат во приватни џепови, а тоа е жално, зашто некој не може да си купи храна, еден кубен метар дрва, а тие ги користат парите за нечие лично задоволство, односно, егозимот во здруженијата е многу голем и мислам дека сето тоа мора да се смени, од Станка и во сите други здруженија“, изјави Трајче Митев, пензионер од Штип.

Ќе побараат и  измени и нови Закони во делот на зголемувањето на пензиите, но и на постапката на кој се бира претседателот на Здружението на пензионери, како и времетраењето на неговиот мандат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира