Општинскиот Штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на општина Прилеп, денес повторно заседаваше, а истиот беше предводен од градоначалникот Борче Јовчески како Командант на Општинскиот Штаб за заштита и спасување.
На овој општински штаб за заштита и спасување присуствуваа претставници од ТППЕ Прилеп, ДЗС, ЦУК, МВР, АРМ, Национални шуми, претставници од јавните претпријатија во општина Прилеп и според информациите кои беа пренесени од страна на гореспоменатите лица, пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола.
Градоначалникот Борче Јовчески- Командант на Општинскиот Штаб за заштита и спасување заедно со Ирена Стерјовска Локвенец, Претседател на Советот на Општина Прилеп, а воедно и началник на Општинскиот Штаб за заштита и спасување на ЕЛС Прилеп упатуваат огромна благодарност најпрво до сите поединци кои на терен беспоштедно се бореа со пламените јазици, до целата логистичка поддршка од институциите, до сите општествено-одговорни компании кои помогнаа донирајќи храна, вода и други средства кои беа неопходни во целиот процес.
Ја користиме оваа прилика да упатиме апел до сите граѓани да бидат претпазливи и да се однесуваат одговорно за во иднина Прилеп да не биде доведен во ваква ситуација.