ВИДЕО – Мирчески: Козјото млеко и сирење, се храна и лек, да се конзумираат и од старите и од помладите, особено децата за имунитет



Семејството Мирчески се едни од ретките кои се занимаваат со одгледување на кози во прилепско. Петре Мирчески вели дека козјото млеко е и храна и лек и треба да се конзумира како старите така и од младите, а особено од децата за да имаат здравје и имунитет. Неговиот син Даниел веќе започнал и со нови видови на сирења особено откако го посетил саемот за сирење во Бра, Италија, каде бил заедно со организацијата Slow Food, каде и самиот е член. За тоа колку е квалитетно козјото млеко и како се прави едно од најдобрите козји сирење во Македонија погледнете во видеото. Тие со свој изложбен штанд ќе бидат присутни утре на настанот Млеко 2024 – предизвици во сточарството кој од 10 часот ќе започне на платото кај Градскиот саат во Прилеп, во опрганизацја на Slow Food Prilep.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи