ВИДЕО – Највкусното оригинално мариовско биено сирење, од кравјо млеко, го има само кај Чакрески


Спасе Чакрески од селото Витолиште е еден од последните производители на мариовското сирење во Мариово. Тој го произведува сирењето од кравјо млеко. И покрај сите непогоди останал се уште да живее таму и веќе околу 24 години, од некаде 2001-ва, се занимава со сточарство. Започнал прво со млечно говедарство, а со интензивно производство на кравјо сирење 2 години подоцна во 2003 година. Сега годишно произведува од 3 до 3,5 тони сирење. Поради оригиналниот и убав вкус на сирењето минатата година на саемот за сирење во градот Бра во Италија, му било понудено откуп на целото негово производство. Тој е веќе 4-та генерација во неговото семејство кој продолжува со ова производство.

Тој беше дел од настанот Млеко 2024, што се одржа во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи