Театарски фестивал за деца „СИЛЈАН ШРТКОТ“ 5

Петта година Театарскиот фестивал за деца  „СИЛЈАН ШТРКОТ“ е значаен настан кој продолжува да го обогатува културниот живот кај најмладите и во нашиот град. Нуди многу придобивки за развојот на децата и културниот живот на заедницата. Тој е важен од повеќе аспекти. Корисен е за развивање на креативност кај децата, збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција, критичко размислување.

„Оваа година на фестивалот учество земаа МТП Прилеп со претставата „Убавицата и Sверот“, МТЦ ЗОНА со „Чернодрински се враќа дома“ , Театра Бабец од Битола со „Бременски музиканти“ и нивната младинска претстава „Сомнително лице“. Програмата продолжува со театарската претстава „Книголандија“ од Театар Штип и ова издание на фестивалот го завршуваме со концерт на фамилија 5+ : Бенд 5+ забава за целото семејство. Секој ден имаме посета на градинки за најмалите деца да земат учество во интерактивните активности и игри. Работилниците кои се предвидени за оваа година, се од различен уметнички свет. Танц, ликовна уметност и драмска култура за да можат децата да се запознаат со основните принципи на и правци во уметноста“, велат организаторите.

Петтата година на Театарскиот фестивал „Силјан Штркот“ е важен чекор во продолжувањето на традицијата на промоција на театарот за деца. Со неговата богата програма и посветеност на квалитетот, фестивалот продолжува да го инспирира и образува младото поколение, нудејќи им уникатни културни и уметнички искуства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи