ВИДЕО – Вештачката интелигенција ќе затвори, но и ќе отвори нови работни места кај нас, ако се прилагодиме на потребите на пазарот на труд


Вештачката интелигенција е неминовен општествен процес кој од една страна ќе затвори, но може исто така двојно повеќе да отвори работни места доколку навреме се прилагодиме според потребите на пазарот на труд, а со него го прилагодиме и образованието и кадарот кој излегува од таму.

„Така на пример проекциите за 2025 година се дека на светско ниво ќе бидат затворени 55 милиони работни места, но ќе се креираат нови 130 милиони работни места благодарение на новите технологии со примена на вештачката интелегенција, така да нето ефектот на влијанието на оваа технологија би бил позитивен. Истовремено новите технологии имаат негативно влијание со тоа што згаснуваат работни места со пониска продуктивност и пониско ниво на вештини, но од друга страна на се креираат нови работни места кои се многу поголема продуктивност и повисоко ниво на вештини“, изјави Димитар Николоски, професор на Економски факултет Прилеп.

Според експертите кои присуствуваа на конференцијата за вештачката интелигенција во Прилеп, единствено од вештачката интелигенција се плашат луѓето кои не сакаат воопшто да се надоградуваат себеси. Нешто што неминовно мора да се случи доколку во иднина сакаме да ги задржиме работните места.

„Па да одиме во образовниот процес, промена на профилите на кадрите, промена на образовниот систем, нови кадри ни требаат, можеби оние кои ќе ја поддржуваат вештачката интелегенција, па реквалификација.Ова е современо општество и има голема динамика, ние не можиме да почнеме со нашиот работен век и 40 години да ја преместуваме фигурата од една на друго место“, истакна Ѓорѓи Манчески, претседател на Центарот за иновација и развој ИНОС од Прилеп

 

„Сите на Балкaнот се плашевме од ЕУ сега сите трчаме кон таму, сите се плашевме од промените кои настанаа во фирмите кои постоеја во поранешна Југославија, сега ние викаме странски експерти да ни помогнат околу тоа. Значи стравот е кај медиокритетите и луѓето кои не сакаат да работар на себе“, кажа Александар Видановиќ, здружение за екологија и заштита на животна средина од Пирот, Србија.

Вештачката интелегинција е реалност копја се повеќе е присутна насекаде околу нас, колку побрзо како држава е прилагодима на неа, толку повеќе работни места ќе зачуваме, а со тоа и развојот на нашата економија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи