Кривична пријава за крушевчанка за „несовесно работење во службата”

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против З.С.(59) од Крушево и правно лице од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” казниво по член 279 од Кривичниот законик.

Првопријавената З.С., управител во второпријавеното правно лице, во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2023 наплатените готовински средства од наплата за продажба на огревно дрво од цивилни лица не ги внесувала на жиро сметка на пријавеното правно лице како дневен или неделен промет, со што книговодствено прикажала помал износ на ДДВ, односно помал платен персонален данок на добивка и данок на добивка, кои суми влијаат врз износот на обврските при поднесување на годишни завршни сметки. На тој начин З.С. го оштетила Буџетот на РСМ  за сума од 1.362.225.00 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи