Ристески: Цени на месото во Рамстор намалени и до 34% -„Есенската потрошувачка кошничка“ ги дава резултатите


„Есенската потрошувачка кошничка“ веќе ги дава резултатите, ова се најновите цени од ланецот маркети Рамстор во Скопје, каде месото и сувомеснатите производи се драстично намалени. Дел од производите се намалени и до 34%“, истакна заменик министерот за економија Марјан Ристески.

„Овие цени важат до 31 октомври, по што очекуваме да започне и комплетната имплементација на законот за нефер трговски практики и веќе од ноември месец да има намалување на 2.547 производи барем за 10%. Ефектите од овој најнов закон кој за прв пат се воведува во Македонија ќе се почувствуваат за еден месец затоа што дел од трговците сега ги трошат залихите кои ги имаат направено претходно“, вели Ристески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи