СПЛОТЕНИ ЗА МАЛИОТ НИКОДИМ! Голем хуманитарен концерт на 09.10. на Могила за да го спасиме малиот ангел


Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце… Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. На 9.10.2024 на Могилата на непобедените во Прилеп во големиот стадион дојдете, бидете хумани и покажете дека заедно можеме да спасиме живот, вака стои во поканата од „Дрим тим од деца за деца“ кои организираат хуманитерен концерт за помош на Никодим Мидоски, од Прилеп кој боледува од тумор на мозокот.

Влезницата чини 150 денари, а концертот е со почеток од 18 часот. Ќе настапат голем број музички имиња од естрадата, меѓу кои и: Јордан Митев, Стојне Николова, Ламбе Алабаковски, Елена Јовческа. Секоја купена влезница е ваша директна донација за да помогнеме Никодим да ја победи болеста и да живее здраво и среќно детство. Дојдете, забавувајте се и донирајте за Никодим, за повторно да покажеме дека Прилеп е град на хуманоста!

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи