ВИДЕО – Манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ за оваа слава има 22 домаќини, најмногу од неговата изградба, 16 се од ООУ „Добре Јованоски“

Манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во близина на Прилеп кој што браќата Никола и Љубе Спиркоски сами го градеа цели 11 години од 2007 до 2018 година кога беше и осветена црквата ја празнува својата слава. Ова е еден од ретките манастири во Македонија, може слободно да се каже дека тие се бројат дури на прсти, кој е посветен на овој празник. Утре е празникот посветен на Покровот на Пресвета Богоридица кога ќе се отслужи и света Божествена Литургија, а вечерва имаше и вечерна богослужба. Никола Спиркоски се потсетува како заедно со братот го продолжиме аманетот за изградба на манастирот кој што го започнала нивната братучеда во 2002 година.

Името му е дојдено на сон. На ова место на мојата братучеда неколку пати и се јавувало на сон да изгради манастир кој ќе се вика Покров на Пресвета Богородица. Во 2002 година ископавме темели тука и ги поставивме. Потоа 5 години стопиравме ние бидејќи имаше друга управа и во 2007 година на Свети Трифун започнавме со изградба на манастирот од темелите“, вели Никола Спиркоски, градител на манастирот.

Манастирот има 4 слави во текот на годината: Покров на Пресвета Богородица, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, Свети Трифун и литургија служат и на 28 мај кога биле поставени темелите на манастирот.

Овој манастир е граден само од мене и од брат ми. Ова сето е направено што го гледате само со 4 раце. Имаше и мала припомош на луѓе копга се турале плочи, ама друго се е со наши раце само од нас двајца. Ѕидарија, покриви, плочки се е наша работа. Јас сум електричар ама ете Господ ми дарил и дарба да ѕидам. Секој ден доаѓавме тука и градевме, некогаш и по 12 часа дневно. Сега ни остана ете уште камбанаријата малку ама и таа ќе се изгради“, додаде Спиркоски.

Спиркоски велат дека сега како наредна цел им била доградба на камбанаријата и уште неколку простории.

Сега започнавме да градиме магацин да правиме за манастирот и сакаме во иднина да направиме мала манастирска винарија бидејќи имаме лозје“, кажа Спиркоски.

Годинава манастирот за овој ден има 22 домаќини, најмногу досега од неговата изградба, од кои 16 се наставници од ООУ „Добре Јованоски“. Тие велат дека голема чест е да се биде домаќин на оваа слава.

Чест ми е голема што сум домаќин заедно со моето семејство и што сме дел од овој голем настан и празник за нас и за сите граѓани на Прилеп. И уште еднаш ќе кажам дека е големо задоволството и честа да се биде дел од сето ова заедничко дружење од добронамерници, роднини, пријатели и сите граѓани кои ќе бидат присутни тука“, изјави Благоја Петроски, домаќин на славата.

 

На овој ден не собра Мајката Богородица наспроти празникот Покров на Пресвета Богорица токму на ова свето место, ние сме домаќините, оваа година во голем број, дури 22. Се надевам дека наредната година ова ќе повик и апел до сите христијани и добронамерници да се зголемува бројот, да оддаваме почит на оние кои не штитат секојдневно, а од нашето училиште каде што работиме сме 16 колеги“, истакна Панде Николоска, ООУ Добре Јованооски, домаќин на славата.

Манастирот има 3 соби за гости и секој кој сака да спие може да се најави и ќе добие клуч од собите. Спијањето е бесплатно. Управниот одбор искажа и голема благодарност до сите донатори кои го помогнале манастирот.

Голема благодарност до сите донатори кои помагаа парично, со работа и на други начини да се изгради овој манастир. Голема благодарност и до учесниците бранители од 2001 година Здружението на резервни воени резервисти кои учествуваат во секоја поголема акција која се работи во манастирот. Започнувајќи од изградата на конакот, камбанарија, секогаш кога има потреба ние сме на готовс и помагаме од се срце“, вели Јордан Трајкоски, дел од управата на манастирот.

Домаќините ги повикаа сите верници и утре да дојдат во голем број за да го одбележат овој ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи