На 13.10.2024 во 17.15 часот на ул.„Кордон“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(41) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кражба на предмети од кругот на приватна фирма.
Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.