На 27.10.2024 во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во заштитен метален браник.
По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.