Градинката „Весело Штркче“ во Кривогаштани го прослави својот 10ти роденден

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Градинката „Весело Штркче“ во Кривогаштани го прослави својот 10ти роденден. Тимот од оваа установа истакна дека се горди на сите успеси кои се постигнаа во оваа една деценија и дека овој мај јубилеј претставува дополнителен мотив за нив да продолжат со уште поголеми достигнувања.

Со големо задоволство и радост ја прославуваме десетгодишнината на нашата градинка. Оваа година е посветена на сите нас: деца, родители воспитувачите и негователите, кои со својата љубов и посветеност го создадоа ова прекрасно место. Во текот на овие десет години, нашата градинка стана дом на многу малечки, кои растат, учат и играат. Ние сме горди на нашите постигнувања, но и на сите спомени кои сме ги создавале заедно. Благодариме на сите вас што бевте дел од оваа приказна. Вашата поддршка и доверба ни даваат сила да продолжиме да создаваме безбедно и инспиративно опкружување за нашите деца. Нека оваа десетгодишнина биде само почеток на нови успеси и убави моменти“, велат од градинката Весело Штркче во Кривогаштани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира