Црна хроника во Прилеп

На 12.11.2024 во 21 часот во ОВР Прилеп  било пријавено дека на ул. „Димче Мирчески Бањарот“ во Прилеп настанал пожар на патничко моторно возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на агенција за обезбедување. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Истиот ден во 14.10 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Александар Македонски” во Прилеп го лишиле од слобода В.Н.(46) од Прилеп, кој го нарушил јавниот ред и мир со оддавање на пијанство. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

Во 12.00 часот пак, во ОВР Прилеп, К.С.(71) од Прилеп пријавил дека на ул.„Македонски бранители” во Прилеп бил каснат од куче скитник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи