Градежните активности за промена на водоводната мрежа се во завршна фаза, коцките од калдрмата се редат и улиците се враќаат во првобитната состојба, изјави градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
„Денес Крушево е претворено во огромно градилиште во кое ќе се проширува фронтот за работа со вистински капитални проекти кои се од витално значење за сите наши сограѓани!
Крушево се гради и променува секој ден, затоа што заслужува да биде одржлива, привлечна и посакувана светска туристичка дестинација, вистински град на култура, историја со кој сите се гордееме“, истакна Христоски.
41