Д-р Маја Бојаџиевска добитничка на државната награда „Св. Климент Охридски“

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на  својата  седница одржана на 21.10.2024  година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за  2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија:

  1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата ѝ се доделува на:

–  проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор.

  1. 2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– Милован Стефановски, писател

– Мирослав Масин, сликар

– Рефет Абази, актер.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2024 година (недела) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци