Поразителни резултати со булингот во нашите училишта. Од спроведената анкета на Коалиција СЕГА 61% од учениците истакнале дека биле жртви на псхичко насилство, а скоро секое психичко насилство со време преминало и во физичко. Барем 10% од учениците во текот на 1 месец примениле сила во училиштата, а 13% изјавиле дека биле жртва на насилство. 30% од учениците изјавиле дека не се чувствуваат безбедни во училиштата. Врсничкото насилство е застапено во најголем процент, но постои и насилство од страна на професорите врз учениците.
„Тие велат дека само ученичката организација е онаа кон која што веруваат и може да делува кон превенција на насилството, па така тоа беше насока за нас да ги креираме активностите во училиштата. Да работиме со ученичките организации каде преку нив ќе делуваме врз превенција на насилството внатре во училиштето. Да развијат начин на собирање на информации од нивните соученици како сметаат да го превенираат насилството и после ги поддржуваме нивните активности на ученичката организација во насока на превенција на насилството“, рече Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.
Големата застапеност на насилството во училиштата ја потврдуваат и психолозите кои работат со децата жртви на насилството. Тие велат дека најголемито дел од децата кои прават булинг се емоционлани запоставени од родителите, доживеале или гледале некое насилство дома или на улица и истото и тие го практикуваат.
„Пикот на булингот е на возраст на децата од 11 до 13 години. И доаѓаат за различни врсти на булинг, преку социјалните мрежи, има физичлко насилство, малтретирање, констрантно и секојдневно, и најчесто тие жртви се малку поразлични од другите. И тука е тоа што сакаме да им помогнеме да начин да развијат подобро социјални вештини, да му ја зајакниме самодовербата за да бидат посамоуверени во своите способноти и да знаат дека тоа не е нивна вина туку проблем на тој што прави булинг и како да се зајакнат тие и како да се возврати на булингот“, истакна Ана Алексоска, психолог.
За стопирање на булингот се препорачува поголема вклученост на Министерството за образование, наставниците и педагошките-психолошките служби за да итно се стопира овој негативен тренд.