ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Во името на сите кандидати од советничката листа можам одговорно да кажам дека нашата советничка листа е составена од чесни луѓе, луѓе кои живеат и работат чесно, луѓе кои сакаат посветено и одговорно да направат една општина која ќе биде подобро место за живеење, истакна вечерва Драгица Николоска, носител на советничката листа на СДСМ, за Прилеп.
„Нашиот глас ќе биде слушнат во Советот онолку силно колку што ќе успееме да ги доловиме проблемите на нашите граѓани. Еднаш засекогаш локалната власт да биде пријател на народот, а не да биде господар. Битието советник не е титула, туку да е во служба на народот. Затоа сите заедно ќе се залагаме за одговорно, транспарентно и посветено работење. Се надевам дека ќе бидеме главни учесници во донесување на одлуки за квалитетен живот во општина Прилеп. Граѓаните да имаат достоинствено место за живеење, младите да гледаат место каде ќе останат да ги градат своите иднини, а возрасните луѓе да живеат достоинствено и квалитетно. Се надевам дека нема да ја изневериме вашата доверба“, истакна Николоска.