Злато за Киро Здравески и Марјан Димески од ЏК Сеишин Прилеп на Балканското првенство за ветерани во Грција



На Балканското Првенство за Ветерани кое се одржа на ден 30.11.2024 во Аминдео Грција, репрезентативците и членови на ЏК Сеишин-Прилеп ги освоија следните резултати:

  1. Киро Здравески -66 кг./ М9, Златен Медал
  2. Марјан Димески -90 кг./М7, Златен Медал.

Со ова ЏК Сеишин има двајца нови Балкански шампиони и тоа во највозрасната ветеранска конкуренција. Воедно покрај што беше натпреварувач Киро Здравески ја предводеше и Ветеранската Репрезентација на Македонија како селектор.

Џудо клубот Сеишин им честита на своите членови кои треба да претставуваат пример за помладите генерации со што се докажува дека џудо спортот нема возрасни граници како за тренинг така и за натпревари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи