Авто Контрол на првачињата од ООУ „Кочо Рацин“ им донираше сообраќаен прирачник за воведување во сообраќајната култура


Денес со донација на сообраќаен прирачник на првачињата од ООУ Кочо Рацин за едукацијата и воведување на сообраќајната култура, Станицата за технички Преглед Авто Контрол организираше кампања под назив „Да ги заштитиме децата во сообрaќајoт“, што е превентивна активност  на ОВР Прилеп и сообраќајната струка СОУ Ристе Ристески Ричко.

Целта е децата уште од најрана возраст да стекнат знаења  за основните сообраќајни правила и прописи. Децата се нашата иднина, во нив вложуваме многу љубов, енергија и средства за да можат да пораснат во здрави индивидуи кои ќе бидат корисни за себе, за своето семејство, но и за општеството во целина.

 

\

 

Како општествено одговорна компанија се вклучивме во едукативна акција бидејќи животот на децата е приоритет на секој поединец. Првите форми на едукација почнуваат во семејството, а потоа во училиштето и вон училиштето, со голем број на вакви проекти и кампањи.

Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи , туку истовремено  претставува и навика ,почитување и применување. Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи,бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца.

Да ги научиме децата на правилно однесување и да бидеме нивниот позитивен пример.Затоа што тие треба да растат и пораснат-бебедно! Не заборавјте, ние сме нивните идоли!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи