ВИДЕО – Китаноски: Јовчески го претвори Прилеп во скијачки центар, „Петта прилепска“ е одлична за слалом, а „Борка Талески“ за спуст, се друго е за уметничко лизгање

Советничката група на СДСМ од Прилеп денеска ја напушти 55 седница на Советот на Општина Прилеп поради тоа што не им беше прифатена нивната предог точка за состојбите со чистењето на улиците во Прилеп, а градоначалникот Борче Јовчески не се појави на седницата. Советникот Александар Китаноски, истакна дека Прилеп е претворен во огромен скијачки центар.


„Ова што градоначалникот го направи за Прилеп и населените места го нема направено нитру еден градоначалник. Тој си достои на зборот и ветувањата и не се усрами. Во декември на нашите  забелешки дека Прилеп ќе биди скијачки центар од ова место и од оваа говорница тој рече: Тврдам дека не може ништо да се случи без да се преземи нешто доколку заврне снег, мраз и други неприлики. Кои други се тоа атмосферски неприлики за него, сега јас незнам, кои можат цитирам, да го загрозат сообраќајот. Едноставно локалната самоуправа тоа нема да го дозвлоли.

Бидејќи сега се е исчистено, убајна се улициве, замислете како ќе беше да не беше исчистено. Улиците се проодни, тротоарите чисти, плоштадите исчистени, сол  потрошена кколку што треба и не треба, градскиот сообраќај непречно функцинира, патиштата до населените места се одлични, а граѓаните се горди  на сите овие резултати.

Имаат уште придобивка, граѓаните кои сакаат да скијат оваа годдина нема потреба да ги посетуваат зимските скијачки центри, го имаме тука во Прилеп и Копаоник и Банско. Па така на улицата „Петта прилепска“ стазата одлична е во два правци и може да се користи за паралелен слалом. Улицата „Круме Волнароски“, добра е и таа за велеслалом, а улица „Борка Талески“ за спуст е одлична. И кога скијачите ќе се спуштат од кај „Ридтекст“ може да стигнат до делот кај Биџо на плоштад и тука да биди целната рамнина со трибини.

За разлика од Митко Јанчев кој на граѓаните им овозможи скијачки центар на 50 км. од Кавадарци, Јовчески се потруди ние прилепчани тоа да го имаме дома. Иако ова го немаше во предизборната програма. А околу уметничко лизгање скоро сиоте улици се оспособени, а особено пред градинка „Вишне“ таму е поширокот и има одлични услови за љубителите на кнки.

Е сега проблем е што немам ноќно скијање, во вечерните часови нема осветлување и тука сме хендикепирани.

Прилепчани заслужуваат градоначалник кој сериозно ќе си ја сфати својата работа и кој нема да дозволи основните обврски на општината да останат неизвршени а граѓаните да немаат елементарни услови за живеење. Да си дојди градоначлникот тука, да се нацрта, да си даде информација, знаеше дека денес има седница на Совет, доволно следи социјални мрежи, знае колкав е револтот, а не да го нема ја намачка некаде, не знаеме каде е“, рече Китаноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи