Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
„Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција. Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе. Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!Од срце, Ви благодараме“, вели Александра Николоска, сопруга на Виктор Николоски.
Општина Прилеп, заедно со сите Јавни претпријатија, основни и средни училишта, веднаш ќе се вклучи во хумана акција за да помогнеме во најбрз можен рок.
„Сите ние сме дел од едно семејство – семејството на Прилеп, и како заедница ќе направиме сè што можеме за да му дадеме поддршка на Виктор и неговото семејство во оваа тешка битка и заедно ќе успееме! Ве повикувам и вас, нашите сограѓани, да се приклучите и да помогнете со донација на линкот или со споделување на апелот. Заедно можеме да направиме разлика. Господ нека е со сите нас“, велат од Општина Прилеп.
Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно. ЛИНК ЗА ДОНАЦИЈА – КЛИКНЕТЕ ТУКА.