На 28.01.2025 во 00.50 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.П.(20) и Х.Р.(21), двајцата од Прилеп, затоа што физички нападнале полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.